Милан се договори со ѕвездата на Атлетико Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на Милан покажува сериозен интерес за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и веќе прават план како да го донесат Аргентинецот на „Сан Сиро“.

Кореа е најголема желба на тренерот Џампаоло, кој смета дека ќе биде идеален партнер на Пјонтек во нападот, но „јорганџиите“ за неговата слобода бараат 50 милиони евра.

Последните информации говорат дека „росонерите“ постигнале комплетен договор со Аргентинецот и во вторник ќе имаат средба со претседателот на Атлетико на која ќе се обидат да постигнат договор.

Милан е спремен да понуди 40 милиони евра за Кореа, па се очекува разликата да биде надмината со вклучување на бонуси.

Во меѓувреме Милан и Монако се многу блиску до договор за продажба на Андре Силва за 30 милиони евра, со што „росонерите“ ќе го финансираат трансферот на Кореа.