Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што беше најавено од гигантот за производство на спортски суперавтомобили McLaren, после една година од започнувањето на производството на моделот 600LT, ставен е крај на продукцијата на овој луксузен спортски „ѕвер“, со што самиот подел го прави уште поексклузивен.
Последните примероци од овој модел го напуштија погонот за производство и со тоа „McLaren“ заврши уште еден успешен дел од својата историја.
600LT е базиран на McLaren 570S и беше официјално промовиран на Goodwood Festival of Speed во јули, 2018 година. Првите модели на овој суперавтомобил беа произведени во октомври. Суфиксот LT е алузија на F1 GTR Longtail – тркачка верзија на Mclaren F1.