Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Специјалното јавно обвинителство ќе биде укинато и ќе се инкорпорира под ново име – Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Шефица на новото обвинителство ќе биде обвинителката Вилма Рускоска. Ова се новите информации за насоката во која ќе се движи судбината на СЈО.
Во понеделник Владата до Собранието ќе го достави текстот на предлог Законот за ЈО, со кој се уредува и улогата на досегашното Специјално јавно обвинителство. Тој денеска ќе биде доставен до сите политички партии и ќе биде ставен на увид на јавноста. Делови од тој текст денеска презентираше премиерот Зоран Заев, пренесува Нова ТВ.
Клучните елементи за позицијата на СЈО
Специјалното ЈО како структура се интегрира во досегашното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и добива назив Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција.
Ова ЈО ќе има надлежност на целата територија на РСМ и ќе ги има гаранциите за самостојност во делувањето кои во најголем дел одговараaт на досегашната позиција на СЈО, а сепак се во херархија и субординација со државното ЈО.
Предложено е новото ЈО да го води обвинителката Вилма Рускоска која во моментов го води ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а сите обвинители кои работат во СЈО ќе продолжат да работат во новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција. Нивниот мандат е до 15 септември и имаат право како и сите други обвинители на резибор, да конкурираат или да не кокурираат, да бидат или да не бидат избрани.
Сега тие одлуки ќе ги носи Советот на јавни обвинители како надлежна институција, како што е передвидено во законот, односно како што досега секогаш се носеле одлуките з аизбор на шефовите на ваквите обвинителства.
Сите случаи кои се пред судовите за кои СЈО е надлежно согласно законот ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО, согласно досегашната законска рамка, во фазата во која се застанати.
Постојните вработени, истражителите преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалите, средствата и опремата.
Ова Обвинителство ќе ги има сите гаранции за независно вршење на својата функција. Една од клучните гаранции за независноста е финансиската самостојност. Новиот предлог закон предлага висината на средствата за работа на ова ЈО да се утврдува врз основа на предлог буџет и финансиски план на шефот на ова ЈО кој го доставува до ЈО на РСМ и до Министерството за финансии.
Владата и Собранието нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансиски средства за непречена работа.
Со законот е зајакната и личната независност на јавните обвинители и е предвидена гаранција согласно која јавните обвинители од ова ЈО не можат да бидат времено упатувани и да вршат јавнообвинителска функција во други јавни обвинителства.
Гаранциите во законот се предвидени и во однос на постапката за разрешување на јавен обвинител на ова ЈО за да се избегнат сите можни влијанија во неговата работа.
Вградена е одредба со која првиот човек на ова ЈО може да се разреши единствено со 2/3 мнозинство од вкупниот број членови на Советот на јавни обвинители.
-Тоа значи никој политички фактор не може да влијае на неговото работење, избор и разрешување, рече Заев.
Значајна гаранција е дека Јавниот обвинител на РСМ без согласност од јавниот обвинител на ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција не може да преземе кривично гонење или вршење одредени работи за кое е надлежно ова обвинителство, ниту пак, да овласти друго ЈО да води постапки за предмети за кои е надлежно ова ново ЈО.
Од ова правило постои само еден исклучок, а тоа е доколку при надзорот се утврди дека јавнообвинителската функција не се врши согласно роковите утвдени со законите за кривична постапка, непостапување и чување на предметите во фиока.
Во однос на бомбите, освен оние што се веќе во суд, за сите други материјали јасно е пропишана процедурата, а тоа е уништување како што се уништуваат ПИМ мерките согласно постапка пропипшаа во Кричниот законик.
-Откако обвинителката Катица Јанева ја депонираше својата оставка и од денеска кога го предлагаме оој текст на законот за ЈО не гледаме веќе никаков изговор од опозицијата да избегнува разговори и договори околу ова прашање, освен доколку нема намера и понатаму да нанесува штети на својата држава и да заштитува нечиј криминал. Искрено се надевам дека тоа не е така, а сите ние тоа ќе го увидиме следната недела и седмицата потоа. Време е со искрена и чесна посветеност на овие теми да ги заокружиме реформските приоритети во делот на европските итеграции за да се претставиме наесен како земја која ги затворила сите прашања за добивање на ветениот датум за старт на преговорите, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.