Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обвинителката Вилма Русковска во изјава за Дојче Веле потврди дека нема нови драматични моменти и промени во истражната постапка за случајот „Рекет“ и дека сè уште не е завршено вештачењето на телефонот од обвинителката Катица Јанева кој беше запленет во рамки на истрагата.
Јавното обвинителство има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од лицата осомничени во случајот „Рекет“, но засега не се открива за колку случаи се работи. Неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството.
„Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, изјави јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска утрово за Дојче веле.
Русковска потврди дека тие бизнисмени тврделе дека биле уценувани од истите лица кои се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.
[contact-form][contact-field label=”Name” type=”name” required=”true” /][contact-field label=”Email” type=”email” required=”true” /][contact-field label=”Website” type=”url” /][contact-field label=”Message” type=”textarea” /][/contact-form]
рска со случајот „Рекет“ како и во врска со предметот „Империја“ кој е директно поврзан со него.
„Прво да ги анализираме доказите, па потоа“, вели Русковска за ДВ.
Таа уште еднаш потврди дека премиерот Зоран Заев го информирал ЈО за случајот „Рекет“. Други случаи на уцена врз бизнисмени пријавени од страна на премиерот- немало.