Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешната прес-конференција која ја одржа премиерот Зоран Заев, меѓу другото, во врска со дивоградбите во Охрид и статусот на градот во рамки на УНЕСКО, премиерот порача дека дивоградбите мора и ќе бидат отстранети.
Ако Нефи Усеини не ги тргне дивоградбите тоа ќе го стори државата, порача денеска од владата премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со нелегално изградени објекти од страна на советникот од ДУИ во Охрид.
Заев нагласи дека законот најпрвин треба да го спроведе локалната власт, која ако не постапи според законот, тогаш нејзините надлежности ќе бидат одземени и правдата ќе ја истера државата.