Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека е спремна да прифати и да оди на лидерска политичка средба само ако се разговара за предвремени парламентарни избори.
Овој став на опозицијата е поинакво од завчерашниот кога порача дека нема покана од Заев и дека идејата за лидерска средба е само за дефокусирање на јавноста. Премиерот Зоран Заев сè уште не расчистил дали ќе закаже лидерска.
И од ДУИ за Алсат велат дека немаат информација дека ќе се организира лидерска средба. Заев во петокот изјави дека е време со Мицковски и со лидерите на другите политички партии да седнат и да разговараат за можните измени на законот за избори, законот за попис на населението и законот за Јавно обвинителство.