Таа е новиот таен агент 007?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Изминатите неколку години посветените обожаватели и критичарите на култната играна франшиза за тајниот агент Џејмс Бонд, расправаа за тоа дали некогаш ќе видат жена во улога на агентка со тајно кодно име 007.

Според информациите кои ги пренесува Daily Mail, тоа би требало да се случи токму во најавениот нов филм за Бонд, а „инсајдер“ упатен во оваа франшиза открива дека таа улога ќе ја добие актерката Лашана Линч. Изворот тврди дека 31-годишната актерка ќе биде претставена во текот на најважната сцена од Бонд 25. Сепак, обожавателите не мора да се грижат, Џејмс Бонд и понатаму ќе биде тука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lashana Lynch (@lashanalynch) on

„На почетокот од филмот постои клучна сцена во која М вели: Дојди 007, а тука влетува Лашана – убава, црномуреста жена. Тоа е моментот во кој пуканките испаѓаат од раце. Бонд е уште Бонд, но оваа фатална жена ќе го замени како 007“, открива „инсајдерот“.

„На Бонд, секако, сексуално му е привлечна новата агентка 007, па ги пробува своите познати и вообичаени заводнички трикови, но останува збунет откако тие нема да ’запалат‘ кај фаталната Линч, која на него, всушност, само превртува со очите и не покажува интерес да скокне во неговиот кревет. Барем не на почетокот“, додава изворот.

Но, тоа не е сè. Изворот на овие информации за медиумите и јавноста открива дека изразот „Бонд девојка“ сега е строго забранет. „Речено ни е дека отсега тие ликови треба да се нарекуваат Бонд жени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lashana Lynch (@lashanalynch) on

„Ова е Бонд на модерното доба кој ќе биде допадлив за помладите генерации, додека се држи до сето она кое сите го очекуваме во филмовите за Бонд. Постојат спектакуларни секвенци и кавги, а Бонд уште е Бонд, но како таков ќе мора да се прилагоди и да се носи со #MeToo светот“, додава „инсајдерот“.

Уште неименуваното ново продолжение од франшизата за Бонд го напиша Фиби Валер-Бриџ, која вели дека ликот на Џејмс Бонд сега е под лупа. „Многу се разговараше за тоа дали Бонд сега е релевантен, со оглед на тоа кој е тој и како се однесува кон жените“, нагласува Фиби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lashana Lynch (@lashanalynch) on

Лашана неодамна публиката имаше можност да ја види во филмот Captain Marvel, во улогата на Марија Рамбо, блиска пријателка и колешка на суперхеројот.