Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Симона Халеп вчера експресно ја победи големата Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон и стигна до својата прва титула на овој турнир.
Халеп во финалето победи доминантно со 2:0 во сетови и тоа 6:2 и 6:2 за само 53 минути игра. Како што споменавме за Халеп ова беше прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите. Претходно Романката триумфираше на Ролан Гарос во 2018 година.
Знаевте ли дека оваа тенисерка има потекло од Македонија?
Имено, романските медиуми после освојувањето на титулата на Вимблдон пишуваа за семејството и минатото на Халеп.
Халеп потекнува од т.н цинцар Власи кои најголем број Власи во Македонија. Тие објавуваат дека Халеп има потекло од најголемата група на Власи во нашата земја која тука има силно влијание.
Оваа група Власи е највлијателна во Македонија, не поради тоа што се премногу богати, туку поради традициите на нашата земја до кои строго се придрижуваат, пишуваат Романците.
Медиумoт „Спортњуз.ро“ дури и пишува дека Халеп многу веројатно поради традицијата ќе се омажи за момче од Македонија.