Знаете ли зошто Гризман секогаш носи дрес со долги ракави?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Aнтоан Гризман вчера официјално стана нов фудбалер на Барселона каде што пристигна од редовите на Атлетико Мадрид.

Барселона ја активираше откупната клазула на напаѓачот и го доведе за 120 милиони евра, а Гризман утре ќе биде претставен на „Камп Ноу“ пред навивачите на Каталонците.

Сагата околу трансферот на Гризман траеше една година.

Она што сега е сигурно и што може да се каже е дека ќе го гледаме Гризман во дрес со долги ракави. Имено, тоа е негова традиција која ја почитува поради неговиот идол од детството, Дејвид Бекам.

Бекам сакаше дрес со долги ракави и во негова чест Гризман веќе долги години игра со таков дрес и сигурно дека ќе продолжи и во Барселона.

„Носам дрес со долги ракави поради Бекам. Тој тоа го правеше и тој е мој идол. Беше господин на теренот и надвор од него, тоа ми се допаѓа“, изјави во една прилика Французинот.