Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот договор на култниот рок ен рол бенд Beatles со менаџерот Брајан Епштајн беше продаден на аукција за 340.000 долари, пренесува ВВС.
Пол Макартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и оригиналниот тапанар Пит Бест го потпишале овој документ на 24 јануари, 1962 година, пред да ја стекнат светската слава која ја уживаа подоцна.
Со овој договор Брајан Епштајн се обврзува да организира настапи на бендот, да управува со нивниот распоред и да организира средби со нивните обожаватели. Документот бил прв од двата договори меѓу Епштајн и Beatles.
„Епштајн со тој договор ја официјализираше приустноста на страста, енергијата, харизмата и сировата сексуалност на сцената. Beatles имаа сценска енергија, но Епштајн во нив всади професионализам“, изјави Габриел Хитон, експерт во аукциската куќа Sotheby’s.
Во договорот се нагласува дека Епштајн ќе добива 10 проценти од нивната заработка, со зголемување на 15 проценти ако заработката надмине 150 долари неделно.
Откако Бест го напуштил бендот, беше потпишан уште еден договор, на 1 октомври, 1962 година, со Ринго Стар како тапанар, а Брајан Епштајн во овој документ договорил поголема заработка за себе.
Средствата собрани од аукциската продажба на документот се наменети за хуманитарната фондација Ernest Hecht.