Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кредиторите на грчката економија отворено ги отфрлија повиците од новоформираната влада на Мицотакис за олеснување на драконските буџетски услови договорени како дел од програмата за спасување. Пораката од кредиторите е дека Грција сé уште има строги фискални цели за исполнување, пренесува Радио Слободна Европа.
Лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис кој вчера положи заклетва како нов премиер на Грција вети дека ќе ги намали даноците и ќе преговара со меѓународните кредитори за нови услови за добивање кредити.
Но, министрите за финансии на еврозоната по вчерашниот состанок во Брисел порачаа дека клучните цели веќе договорени со Атина нема да бидат променети.
Претседателот на еврозоната Марио Центено вели:
„Обврските се обврски, а ако ги скршиме, кредибилитетот е првото нешто што ќе се распадне. Тоа доведува до недостиг на доверба и на инвестиции“.
Грција во минатото лето го заврши својот трет последователен меѓународен финансиски пакет.
Станува збор за мерки кои ја спасија Грција да не излезе од еврозоната и кои го одложија грчкиот банкрот, но исто така ги продлабочија сиромаштијата и невработеноста во земјата.