Икарди му ги соопшти условите на Наполи: Бара 8 милиони евра по сезона!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иднината на Мауро Икарди е главна тема во Италија, особено откако Интер јавно соопшти дека аргентинскиот напаѓач е на продажба.

Икарди и неговиот агент Ванда Нара сакаат да останат во Италија, а најсилен интерес за неговиот потпис во моментов покажуваат Јувентус и Наполи.

Аргентинецот преферира преселба во италијанскиот шампион, но не ја затвора вратата за трансфер во тимот на Анчелоти.

Наполи е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, а Икарди веќе им ги соопштил условите и бара четиригодишен договор според кој ќе заработува 8 милиони евра по сезона.

Во минатата 2018/19, Икарди настапи на 37 натпревари во кои постигна 17 гола и запиша 5 асистенции.