Ограбена експозитура на НЛБ Банка во скопски Сарај


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вооружени со автоматски пушки, четири лица утрово упаднале во експозитура на НЛБ Банка во скопски Сарај и ја ограбиле филијалата.

Ова е втор грабеж на експозитура на оваа банка во период од три месеци. Експозитурата е сместена во ТЦ Сарај а грабежот се случил нешто пред 11 часот во време кога има голема раздвиженост во трговскиот.

Колку пари се украдени од банката сè уште не се потврдува, но неофицијално станува збор за околу 90 илјади евра. Од НЛБ Банка велат дека нема повредени при грабежот.

-Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Во моментов се уште нема детали за висината на направената штета. Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот имот и средства.- НЛБ Банка.

Дел од граѓаните кои го посетуваа трговскиот каде што се наоѓа експозитурата велат дека не слушнале за грабежот. За некои е чудно тоа што се случило, за некои пак не.

Сличен грабеж се случи и во април годинава кога беше ограбена филијала на НЛБ Банка во Чаир. Но убедливо најголем грабеж е оној од 2017та кога вработен во НЛБ Банка од трезорот на централата на банката украде 2 милиони швајцарски франци и скоро 300 илјади евра.