Официјално: Кирјакос Мицотакис е нов премиер на Грција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со добивање на премиерскиот мандат за да формира влада и давањето на заклетвата, лидерот на конзервативната Неа Демократиа, Кирјакос Мицотакис, и официјално е нов премиер на Грција.

Мицотакис победи на изборите со апсолутно мнозинство и освоиени 158 пратенички места во парламентот, со што се става крај на коалициските влади во оваа земја кои беа карактеристични за изминативе години. Досегашниот премиер Алексис Ципрас и неговата левичарска партија Сириза ја загубија довербата и освоија 31,5% од гласовите, односно 86 пратенички места во парламентот. На изборите со девет пратеници влезе и новоформираната партија на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, МЕРА. Националистичката Златна Зора не успеа да влезе во парламентот.

Мицотакис се очекува попладнево да го соопшти и новиот владин кабинет. Денеска грчките медиуми излегоа со имињата на новите министри, иако Мицотакис вчера и порача на јавноста да биде трпелива за имињата на новите министри, посебно за министер за финансии. Коментирајќи ја победата, рече дека таа е важна не само за Грција туку и за Европа, посебно што партијата Златна Зора не освои ниту еден пратеник.