Изненадување: Јувентус тргнува по ѕвездата на Сити


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Габриел Жесус би можел ова лето да го напушти Манчестер Сити и да се пресели во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус е во потрага по централен напаѓач кој ќе може да биде партнер на Роналдо, а со оглед на потешкотијата да дојдат до потписот на Икарди, „бјанконерите“ се свртија кон други цели.

Најголема желба на тренерот Маурицио Сари е бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, кој имаше одлични настапи на Копа Америка.

Жесус не е премногу задоволен од статусот кој го има во Манчестер Сити, каде ја дели минутажата со Агуеро, па е спремен да ја промени средината.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус веќе ги контактирал неговите агенти, а наскоро е спремен да испрати и официјална понуда до Манчестер Сити.