Свечено отворен јубилејниот 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со одекот на гајдите, кавалите, тапаните и изворната песна, иако без дефиле поради дождливото време, синоќа во Центар за култура „Марко Цепенков“ започна јубилејниот 45. Фестивал на на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Првата феcтивалска вечер на која се претставија дел од учесниците ја отвори градоначалникот Илија Јованоски.

„Фестивалот кој го остави Пеце Атанасовски, во себе содржи дух и мисија на негување на македонската култура, на богатата фолклорна традиција . Овој Фестивал е единствен од ваков вид кој повеќе од четири децении ги остварува основните цели – зачувување и негување, како и пренесување на новите генерации на богатото, вековно, национално изворно творештво“ истакна градоначалникот Јованоски.
За време на двете фестивалски вечери учество ќе земат околу 300 исполнители на изворниот мелос од Македонија.

Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот смета дека дождот не ја наруши атмосферата иако оневозможи да се одржи дефилето низ улиците на Прилеп.

– Иако времето не ни дозволи да го одржиме дефилето, сепак атмосферата е убава. Целта на Фестивалот е што поавтентично да се претстават групите и изведувачите кои се од зелата земја, рече Величковска.

Денес, во рамките на симпозиумот насловен „Фолклорот во минатото и денес“ во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде промовиран Зборникот на трудови на етнолози и научни работници за изворниот мелос. На втората фестивалска вечер на Рудина кај Долнени каде настап ќе имаат дел од учесниците на ова, јубилејно издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ќе биде врачена наградата за најдобар гајдаџија, гајдата на Пеце Атанасовски што ја доделува општина Долнени