Најголемиот огномет во вселената кој трае 170 години (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Додека вие го читате ова, во вселената се случува мегаломански огномет кој трае 170 години, а НАСА направи фотографии од оваа космичка појава.

Во суштина, станува збор за умирањето на суперѕвездата Ета Карина. Тоа е двојна ѕвезда, односно две ѕвезди поврзани во еден гравитациски систем.

Вселенскиот телескоп Хабл сними фотографија од овој огномет , кој е ултравиолетов, додека појавите со црвена, сина и бела боја се гасовите кои излегуваат од Ета Карина, оддалечена од Земјата 7 500 светлосни години.

Овој небески спектакл, што сега изгледа како две ѕвезди, претходно бил масивна ѕвезда со огромно тело со маса колку 150 наши Сонца.