Кривичен пресече: Нема одложување на затворот за Сеад Кочан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кривичниот суд донесе одлука со која одговори на барањето на Сеад Кочан да не оди во затвор на 17 јули и пресече дека нема одложување на затворската казна од четири години за компромитираниот бизнисмен осуден во случајот „Труст“ која тој треба да почне да ја отслужува овој месец.

Според оваа најнова одлука на Кривичниот тој треба да се појави во затвор за две недели.

Кривичен минатото лето ја објави првостепената пресуда за Труст. Кочан доби 6 години затвор, второ обвинетиот Василие Авриовиќ 2 години. Сафет Ватиќ доби ослободителна. Со пресудата на Апелација казните се намалија, па Кочан доби 4 години и 8 месеци, а Авировиќ – условна.

Со пресудата е предвидена и конфискација во вредност од 17 милиони евра колку што тежи тендерот од ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол кој го добил козорциумот од три фирми.