Покетино го убедил Себаљос да го избере Тотенхем


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Играчот за врска на Реал Мадрид е најблиску до преселба во Тотенхем, пренесуваат шпанските медиуми.

Според „АС“ главната заслуга за овој трансфер е на менаџерот на „спарси“ Маурисио Покетино, кој го убедил Шпанецот да се пресели во Лондон.

Покетино му ги открил деталите од проектот и му ветил дека ќе биде важен дел од тимот, односно ќе има голема минутажа во Тотенхем.

Себаљос не сака трајно да го напушти Реал Мадрид и е спремен да замине само на едногодишна позајмица и тоа во клуб каде што ќе игра со континуитет.

Интерес за 22-годишниот плејмејкер покажаа уште Севиља и Милан, но Себаљос следната сезона најверојатно ќе игра во Тотенхем како позајмен фудбалер.