Каква епска будала: Пијан со глисер удираше во луксузна јахта – заврши во затвор (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


39- годишен Тимоти Кенеди од Мичиген, во алкохолизирана состојба, со својот глисер удираше во луксузна јахта и вртеше околу неа упатувајќи веројатно недолични зборови до газдите и покажувајќи им среден прст, поради што беше уапсен и сега се соочува со затворска казна.

Тимоти, кој бил многу пијан, буквално ја нападнал со својот мал црвен глисер јахтата во која пловеле сопствениците на истата, постара брачна двојка. Инцидентот се случил минатиот викенд на езерото Сент Клер во Канада.

На снимката се гледа како удара во јахтата , а потоа кружи околу неа и вика неразбирливи зборови. На снимката се слуша како жената која го снима видеото му вика.

,,Ќе одиш во затвор , глупаку!” Снимката е објавена на социјалните мрежи , каде има над 1,5 милиони прегледи. Набргу потоа Кенеди е уапсен и приведен.

Сопствениците на јахтата не сакале да се дознае нивниот идентитет за да не им се одмазди подоцна. Тимоти бил пуштен од притвор со кауција од 5.000 долари, а на суд ќе се јави на 15 јули.