Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако на синоќешниот прием и пригодна забава по повод „4 Јули“, денот на независноста на САД, во американската амбасада во Скопје, Тамара Тодевска направи капитален пропуст и грешка при изведбата на македонската химна пропуштајќи ја строфата во која се споменуваат македонските револуционери, стигна извинување од страна на пејачката.
Тамара се извини на македонските граѓани преку социјалната мрежа Фејсбук за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава за „4 Јули“ во американската амбасада. На синоќешната прослава на националниот празник 4 Јули, Денот на независноста на САД, беше изведена и македонската химна, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.
На социјалните мрежи во врска со оваа грешка се огласи и американската амбасада во Скопје.
We have deep respect for the traditions, history, heroes, and future of our friend, partner, and ally North Macedonia. We understand that mistakes can unintentionally happen in emotional moments, but thank our singers for their beautiful performances.
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) July 4, 2019
„Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.