Крадци од луксузен ресторан во Париз украле шишиња со вино вредни над 400.000 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Група разбојници провалиле во подрумот од луксузниот париски ресторан Maison Rostang, во близина на Триумфалната капија, и побегнале со најмалку 150 шишиња скапо вино чија вредност се проценува помеѓу 400.000 и 600.000 евра.

Вработените во Maison Rostang откриле дупка во ѕидот од подрумот со пречник од речиси половина метар, која крадците ја направиле во понеделникот со цел да влезат во винската визба, да ги украдат шишињата со скапоцено вино и да побегнат.

Полициски извор истакна дека вредноста на украденото вино може да се движи помеѓу 400 илјади и 600 илјади евра. Ресторанот има две ѕвездички и поседува вина од познатите лозја Petrus и Romanee-Conti.

Ова не е прв ваков случај со кој се соочува француската полиција. Полициските служби на Франција во 2009 година уапсија 44-годишен маж поради сомневање дека украл над 500 шишиња квалитетно вино вредно стотици илјади евра, од некои од најдобрите ресторани во Париз.