Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Врз основа на побарување од страна на три фирми, на кои им должи над 1,2 милиони евра, штипскиот Основен суд отвори стечајна постапка за градежната компанија „Бетон“.
Но листата на доверители веројатно ќе биде подолга бидејќи во рок од 15 дена своите побарувања треба да ги пријават сите компании на кои им должи Бетон. Стечајниот управник Драги Димовски сега ќе мора да направи и попис на имотот со кој располага компанијата, но и листа на оние што имаат неподмирени обврски кон Бетон.
Бетон некогаш важеше за втора по големина градежна компанија во земјава. Само од проектот Скопје 2014 заработи 55 милиони евра, но поради начинот на добивање на тендерите стана дел од истрагите и случаите на СЈО.
По отворањето на стечајот останува неизвесна и изградбата на објектот на ФИНКИ што сè уште не е завршен. Лани Бетон остана без работници и договорот за изградба на објектот на штипската клиничка болница каде работеа како подизведувачи на грчки Интеракт. Последниве неколку години компанијата работи со загуба и чести блокади на сметката. Поради тоа доцнеа и со исплата на платите, обврските кон банките, но и изградбата на објектите.