Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од 6 јули оваа сабота, во рамки на новата понуда на нискобуџетниот авиопревозник „Визер“, во оптек се пушта линијата Охрид-Дортмунд.
На новата релација „Визер“ ќе лета двапати неделно, секој вторник и сабота. Таа е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот „Св. Апостол Апавел“ во Охрид предвидени со Договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.
Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави. На македонските рути авипревозникот лани превезе 1,4 милиони патници, што претставува раст од 15 проценти годишно.