Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Планетарно популарната „риалити“ ѕвезда Ким Кардашијан, после критиките кои ги доби како удар од јавноста за името од нејзината брендирана долна облека, најави промена на името на производите.
Јапонците ја обвинија старлетата за непочитување на нивната култура. Илјадници на социјалните мрежи напишаа критики во кои наведуваат дека со долната облека “Kimono Intimates” не се почитува јапонската традиционална облека.
Иако минатата недела најави дека нема намера да го менува името на брендот, вчера се извини на Твитер и напиша дека ќе го смени имети и дополнително ќе го објави новото.
,,Секогаш слушам, учам и се развивам. Кога го објавив името на мојата нова модна линија, тоа го направив со најдобри намери.’ напиша Кардашијан.
Јапонците го носат кимоното од 15. век како дел од свечената облека , а сега тоа име треба да го носат делови од долна облека , што за Јапонците е навредливо.