СПОДЕЛИ МУЗИКА: Баклава и Дарко Рундек – „Рузмарин“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Музиката е од Елена Христова, текстот од Дејан Сибиновски. Песната е снимена во музички студиа во Скопје и Загреб. Микс и мастер – Мите Димовски Tralala Music Studio, Скопје, Македонија.

Екипата е следна: Елена од Баклава и Дарко Рундек – вокали, Дејан Теодосиевски – виолончело, Драган Стојковски – бас и тамбура, Александар Николовски – труба, Петар Христов – кларинет и саксофон, Јордан Костов – хармоника, Ваљон Адеми – виолина, Игор Стевковски – тапани, Трајче Ристов – тарабука, Сибо – даф.

Песната е од најавениот албум на Баклава „Четворка“.

РУЗМАРИН

U zrak! Ružmarin…
Gdje tebe serafi vode?…
Satkana si od proljeća, svjetla na rubu žada
u meni sjene jesenje, Suncu tvom ja zavidim
U zrak prše ružmarin…

Вткаен си во есента
Ветрогон, див и тажен
Во мене се горски мириси
Маслинка, бор и мирта
над сите е рузмарин

И блесна веда, открива стара руна
i Anahata svira iz dviju struna
пред мене жега, пред тебе сињак има
ljeto i zima dijele nas ožezima

Od smijeha teče rijeka, te suze suši vjetar
и Вега ѕвезда светла, на дланката ми слета
dok ružmarin nam cvjeta, preživjet ćemo ljeta
бол, рузмарин и солзи, во надеж ќе се сплетат

Здив од рузмарин, кај тебе небо ме носи
Satkani smo od ljubavi,
Плетка од сон и солзи
пролет со сенка есен е
развигор менува време
proljeće bez jesenje sjene
Vrijeme ne liječi duše, učimo živjeti s tim