Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа тековна недела Македонија е под удар на топлотен бран со температури од жолта (алармирачка) фаза кои ќе предизвикаат жешки временски услови.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре максималните температури на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Се очекува температурите утре да достигнат и до 40 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Денеска максималните дневни температури ќе бидат во Скопје и Дојран 39 Целзиусови степени, Крива Паланка 34, Маврово 29, Охрид и Берово 32, Битола 35, Кавадарци 38 степени.
Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од утре до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Утре сневните температури ќе достигнат и до 40 степени: Скопје 37, Маврово 30, Охрид 34, Битола 36, Кавадарци 39, Крива Паланка и Берово 33, Дојран 40.
Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), да консумираат лесна храна и течности, посебно да внимаваат при подготовка и консумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат.
Во текот на ваквите екстремно топли денови, посочуваат од министерството, граѓаните треба да останат во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.