Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
51-годишната Американка Мила Кларк, мајка на пет деца од местото Фаветвил, со своите 340 килограми телесна тежина веќе загубила надеж за нормален и спокоен живот, па се пријавила во шоу емисија за слабеење и станала најуспешен кандидат до сега.
Мила се борела со дебелината уште од детството. На училиште била исмевана од соучениците и другите деца поради нејзината дебелина. Кога достигнала тежина од 340 килограми, побарала помош од докторот Јунан Навзарадан. Денес има 69.
Повеќе од 13 години не можела нормално да се движи, а последните две години била целосно неподвижна и лежела во кревет. Најмногу ја погодувал болниот оток на ногата, тежок над 20 килограми.
„Секој ден од мојот живот е тажен. Можам само да јадам и да спијам” , вели Мила на почетокот на шоуто каде открива дека две години не станала од кревет.
Неподвижната Мила зависела во целост од своите деца. Од петте, четири ги има посвоено. Секој ден ја бањале за да не добие инфекција. Тоа така функционирало цели три години, период во кој ќерката морала секој ден да ги мие нејзините интимни делови, а синот да ја негува отечената нога.
Најстариот, 18-годишниот син Кејлеб, се грижел за другите потреби. Од срам од своите деца, Мила решила да се пријави на шоу програмата за слабеење , каде постигнала најголем успех во историјата.