Фатени 34 пијани возачи во Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


При редовна акција на полицијата, синоќа на територијата на град Скопје се исклучени 34 возачи кои биле под дејство на алкохол.

МВР известува дека во периодот од 23.00 часот на 29.06.2019 до 05.00 часот на 30.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 32 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 34 возачи се исклучени од сообраќај, на сите времено им се одземени возачките дозволи и поднесени им се мандатни платни налози.

Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 15 прекршочни платни налози.