АМСМ: Поради трки со мотори затворен патот преку Галичица


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпејца од изутрината во шест часот е затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде времето на чекање е околу 30 минути.

Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај село Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.