Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Она што се најавуваше веќе подолго време, денес доби официјална потврда.
УЕФА денес официјално соопшти дека Милан следната сезона нема да игра во Лигата на Европа, натпреварување во кое обезбеди пласман оваа сезона преку Серија А.
Ова практично е договор помеѓу УЕФА и Милан поради санкциите за финансискиот фер плеј и проблемите кои ги донесоа Кинезите во клубот.
Ќе потсетиме, Милан неодамна за нов тренер го назначи Марко Џампаоло кој дојде после заминувањето на Гатузо откако играчката легенда на „росонерите“ не избори место Лигата на шампионите иако за четвртата позиција беше во игра до последното коло.