Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дојде времето за летните одмори, па оваа информација би можела да ви послужи за да ја изберете вашата дестинација за ова лето.
Знаете ли каде храната во Европа е најскапа?
Цената на храната во Данска изнесува дури 130% над европскиот просек покажа податоците на европската статистика. Зад Данска следуваат Луксембург и Австрија со по 125%.
Ова и не се земји каде што Македонците одат често на летување. Како стојат земјите во регионот?
Грција која е дестинација каде што често луѓето од нашата земја го поминуваат летниот одмор е земја со 6% повисока цена на храната од европскиот просек. Црна Гора има дури 22% под просечните цени, Албанија е со 21% пониска цена, во Турција дури 30%.
Во Бугарија цените исто така под европскиот просек и тоа за 26%.
Кога сме ние во прашање иако не сме членка на ЕУ сепак бевме дел од оваа статистика, кај нас цените се дури 38% под европскиот просек.
Во останатите држави: Полска и Романија се 26% под просекот, Хрватска и Словенија 3% под просекот, Босна и Херцеговина 24% под просекот…