Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белорускиот фудбалер Александар Хлеб блесна во дресот на Арсенал, но беше едно од најголемите промашувања во поновата историја на Барселона.
Неговиот трансфер во Барселона беше големо изненадување, но на тоа инсистираше Пеп Гвардиола кој тогаш само што седна на клупата. Хлеб во Барса играше само на почетокот на сезоната, а потоа почна да ја „грее“ клупата.
Сега во едно интервју Хлеб откри интересни детали и тврди Деко и Роналдињо доаѓале пијани на тренинг.
„Барселона во 2008 година мораше да го продаде Роналдињо. Тогаш тие стравуваа дека поради него можат да го изгубат Меси. Роналдињо и Деко знаеа да дојдат на тренинг во алкохолизирана состојба и тоа беше знак дека нешто мора да се направи. На крајот клубот направи одличен потег“, изјави Хлеб.
Ex-Barcelona midfielder Alexander Hleb:
“Ronaldinho and Deco came to training drunk. That's why Ronaldinho and Deco were sold in 2008. Because they were afraid that they would bring down Lionel Messi." pic.twitter.com/ZAMotzQgzv
— Ayodeji Ayodeji (@AyodejiX2) June 27, 2019