Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред неколку недели на интернет му мавнаа јак ремет на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој твитна дека месечината е дел од Марс.
Сега Илон Маск направи сличен гаф. Но, дали намерно или ненамерно – интернет популацијата остана збунета од овој негов твит.
— Elon Musk (@elonmusk) June 23, 2019
Во понеделникот Маск твитна слика од „крвавата Месечина“, направена за време на затемнувањето на Месечината во јули 2018 година, заедно со знакот „Окупирај го Марс“.
Откако некој ја посочи очигледната грешка, Маск одговори со неколку насмевки и брзо допиша: „И Месечината, исто така“.
Moon too
— Elon Musk (@elonmusk) June 23, 2019
Некои од следбениците на Маск ја искористија можноста да се подбиваат со неговото мешање на Марс и месечината.
Но со оглед на тоа што Маск е извршен директор на прилично општо позната компанија што испраќа работи и луѓе во вселената, малку е веројатно дека тој всушност ја направил оваа грешка. Дали се потсмева со Трамп и со неговата грешка?
Hey Super Space Genius, that’s the moon in a total lunar eclipse https://t.co/osZjHnarfK
— Uppity Jupiter Girl (@upulie) June 23, 2019
Trump’s warped everyone’s brain. The moon isn’t mars.
— David Oakley (@superskarunner) June 24, 2019
Веројатно никогаш нема да ја дознаеме вистината, но мора да го запамтиме неодамнешното признание на Маск дека неговите твитови се „тотална глупост“.