Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Видеото на кое е снимен сообраќаен полицаец кој на враќање од работа ја запира својата 10-месечна ќеркичка, која вози количка, стана хит на социјалните мрежи.
Полицаецот Алекс Кип од Орландо се враќал од работа дома , кога на улицата пред куќата ја забележал својата десетмесечна ќеркичка како вози количка. Неговата сопруга го снимнила видеото , а колегите полицајци го објавиле на Фејсбук.
„Полицаецот Алекс Кип се враќал од работа и ја запрел ќеркичката за возење на погрешна страна на улицата.” , напишаа неговите колеги.
На видеото се гледа како таткото ја запира малечката Тајлин и од неа бара да му покаже возачка и сообраќајна дозвола. На тоа девојчето се смее и затоа добила само предупредување.
Снимката е споделена на социјалните мрежи со илјадници лајкови и позитивни коментари.