Борис Бекер ќе ги продава тениските трофеи за да ги исплати банкарските долговите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На славниот германски тенисер Борис Бекер во јуни 2017 година лондонскиот суд му прогласи банкрот, откако не беше во можност да ги исплати своите борчови кон банката Арбутнохот Латам.

Иако ја избегнува правдата, тој сепак ќе мора да се прости од своите трофеи, медали и други предмети што ќе бидат понудени на аукција од Wyles Hardy & Co., за со парите добиени од нив да ги подмири долговите.

Инаку, Бекер загуби речиси 100 милиони евра на пропаднати инвестиции во нафтениот бизнис во Нигерија. Судот во Лондон, поради долг од околу 12 милиони евра, прогласи банкрот од споменатата лондонска банка, но тој се повика на својот дипломатски статус, бидејќи стана културен аташе на Централноафриканската Република во Европската унија. Сепак, подоцна се откажа од дипломатскиот имунитет и процесот продолжи.

Се очекува на аукцијата да бидат продавани трофеи од неговите шест победи на Гренд Слем, како и медали, опрема, облека и други предмети . Според медиумите, ќе има на продажба дури 82 предмети. Вредноста се проценува на 220.000 евра, иако се надеваат дека ќе бидат ппалтени уште повеќе на аукцијата, бидејќи такви предмети ретко доаѓаат на отворен пазар. Аукцијата треба да се одржи на 11-ти јули.