Готово: Милинковиќ-Савиќ на чекор од ПСЖ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот репрезентативец и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе втора година по ред е голема желба на европските гиганти, а се чини дека сагата околу неговиот трансфер е готова.

Италијанските и француските медиуми пренесуваат дека Милинковиќ-Савиќ се договорил со ПСЖ и трансферот е пред реализација.

Србинот беше прва желба на новиот директор Леонардо, кој во моментов ги договара последните детали со Лацио.

Трансферот ќе изнесува 80 милиони евра, а СМС на „Паркот на принцовите“ ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 8 милиони евра по сезона.

Милинковиќ-Савиќ во Лацио стигна од Генк во 2015 година за 18 милиони евра, а минатите две сезони беше прогласен за најдобар играч за врска во Серија А.