„Извидник“ од Алекс Цветков избран во официјална конкуренција на „L.A. Shorts“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кратометражниот филм „Извидник“ во режија на Алекс Цветков беше селектиран и влезе во најтесниот избор на натпреварувачката програма на 23. фестивал за краткометражен филм „L.A. Shorts“ што ќе се одржува од 17 до 25 јули во Лос Анџелес.

„L.A. Shorts“ е официјален квалификациски настан за награда на кратките филмови на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (BAFTA). Победниците на фестивалот имаат право да освојат „BAFTA“ а најголем дел од филмовите селектирани на овој фествал речиси секоја година се дел од селекцијата во трката за престижниот „Оскар“.

Петнаесетминутниот филм „Извидник“ (Scout) е модерна драма во која централен лик е преофесионалниот тркач со мотори Гус, кој во еден миг воден од преголеми амбиции ќе го загуби тоа што му најмило.

Филмот е македонско-хрватско-словенечка копродукција. Македонски продуцент е „Ново македонско видео“. Финансиски е поддржан од македонската Агенцијата за филм.

Алекс Цветков е млад режисер кој студира режија на Њујоршката филмска акедемија во Лос Анџелес. Цветков досега режирал повеќе реклами, музички видеа и краткометражни филмови и како сценарист и режисер бил дел од неколку значајни филмски фестивали во Америка.

„Извидник“ беше премиерно прикажан на затворањето на минатогодишното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.