Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ потсетува дека е во тек распишаниот Конкурс за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на великанот на современата македонска поезија, Анте Поповски.
Наградата „ Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга на македонски јазик. Освен поттикнување на авторството на книги со поезија, основната мисија на оваа книжевна награда е стимулиурање на млади творци, но и афирмација и промоција на дострелите на младите поети кои создаваат и се остваруваат на македонски јазик. Организаторите се задоволни од динамиката на пристигнатите стихозбирки и досегашниот извонреден одглас, кој е добра најава за сериозна конкуренција, а можеби и за рекорден број на пријавени стихозбирки конкуренти за наградата. Поважно од бројот на пристигнатите поетски ракописи, што секако само може и треба да радува, е континуираното зголемување на учеството на творци од поновата генерација.
Репутацијата на манифестацијата која за само една година постоење уверливо се позиционираше на македонската поетска мапа, но и врвниот творечки опус на Анте Поповски, се доволен предизвик и за се разбира етаблираните творечки имиња, кои доставувајќи свои збирки, ставија на знаење дека го посакуваат ова поетско признание.
Поконкретни информации за конкурсните предиспозиции и условите за учество на конкурсот кој годинава ќе биде отворен до 25 август, во неколку наврати повторно ќе бидат објавени и повторени во периодот кој следува, а предвидено е детално запознавање на јавноста и со останатите бројни содржини што ќе ги понуди годинешната Meѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.