Алис Купер има „пакт за умирачка“ со сопругата: „Кога ќе дојде време, заминуваме заедно“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатиот рок музичар Алис Купер откри дека со својата сопруга Шерил Годар имаат направено „пакт за умирачка“ според кој, кога ќе дојде време, заедно ќе го напуштат овој живот и свет.

Планот се однесува на смртта на било кој од двајцата, а музичарот наведе дека причината за тоа е што не можат да преживеат еден без друг.

„Не би можел да живеам без неа. Секогаш велевме дека никогаш нема да дојде време кога едниот ќе жали за другиот. Кога ќе се случи тоа, ќе заминеме заедно“, изјави Купер.

Купер и Годар се во брак 43 години и никогаш не се изневериле меѓу себе. Се заљубиле кога Шерил почнала да танцува на неговите настапи во 1975 година. Алис секогаш потенцира дека таа е неговата најдобра пријателка.

„Оженете се со девојката во која сте заљубени. Тоа е важна работа. Немојте д асе венчате со девојка која само ја сакате. Ние никогаш не се караме и никогаш не сме се изневериле еден со друг. Уште сме совршен пар“, додаде популарниот музичар.

Парот се венча во 1976 година и имаат три деца – ќерките Калисао (38) и Сонора (27) и синот Дашиел (34).

Освен изјавата за „пактот за умирачка“, Купер изјави дека престанал да користи кокаин во 1970-те години кога сфатл дека голем број негови пријатели не преживеале поради консумирањето дрога.

„Живеев во периодот на големата кокаинска бура. Не знаев ниту една личност која не го консумираше. Преживеав, но многумина мои пријатели не успеаја во тоа“, додаде тој.