Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако минатата година во Русија заврши Светското фудбалско првенство, инспирирани од фудбалските вештини и игра на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, колубмиските полициски служби од градот Атлантика нивното најдобро куче трагач по наркотични средства го именуваа по славната фудбалска ѕвезда.
Кучето Модриќ веќе има постигнато завидни резултати и најчесто се користи при претрес на автомобили на патиштата , во кои се превезува кокаин.
Полицајците велат дека Модриќ за кратко време станал ужас за трговците со дрога во тој регион, зашто според колумбиските медиуми, не му останува незабележан ниту грам дрога.
Тој работи и во градски автобуси, па кај една жена нашол 550 грама марихуана. Во друга акција, во службен автомобил полицајците не забележале ништо, зашто жената што се возела во него, Инес Кабаркас Франко им била позната. Но, Модриќ намирисал 322 грама кокаин, а жената била уапсена.