Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
18-годишниот Б.М. од село Русиново, беровско доби кривична пријава поради тоа што на Фејсбук Месинџер и на Инстаграм примил фотографии со компромитирачка содржина од 16-годишна девојка, кои подоцна ги пренел до трето лице. Тоа според законската регулатива е кривично дело „производство и дустрибуција на детска порнографија“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дустрибуција на детска порнографија“. Тој на социјалните мрежи „Messеnger“ и „Instagram“ примил фотографии со компромитирачка содржина од 16-годишна девојка од беровско село, по што ги дистрибуирал до трето лице, пишува во билтенот на МВР.