„Платонската“ врска меѓу заводникот Колин Фарел и фамозната Елизабет Тејлор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Колин Фарел е познат како голем заводник и шармер кој кај женската публика, но и кај добар дел од неговите колешки, ужива статус на неодолив фраер.

Сепак, дури и кога станува збор за него, изненадувачки е фактот и сознанието дека типот имал љубовна врска со 36 години постарата фамозна холивудска актера и своевремено секс симбол на западниот шоубизнис, Елизабет Тејлор. Фарел признал дека тоа била „неговата последна романтична врска “.

„Беше тоа последната врска барем во мојата глава, врска која сум ја имал и која секако никогаш не била консумирана“, изјавил Колин Фарел.

Нивниот однос започнал кога Колин во болница го очекувал раѓањето на својот помлад син. Тогаш го сретнал менаџерот на славната актерка кој му рекол дека токму сега на Лиз и вгадуваат стент. Колин го замолил да ги пренесе неговите поздрави до Тејлор и бил уверен дека легендарната дива нема да знае за кого станува збор. Но, само две недели подоцна Елизабет му испратила орхидеи.

Брзо потоа стапиле во контакт и нивната врска главно била преку телефон. Траела скоро две години. Колин потоа се пошегувал дека ќе стане нејзиниот осми сопруг, но околностите сепак не им оделе на рака за такво нешто.