Бившиот египетски претседател Мохамед Морси почина на судско рочиште


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившиот египетски претседател Мохамед Морси, кој од власт беше соборен со воен удар во 2013 година, почина за време на судското рочиште во судница, откако му се влошила здравствената состојба. На Морси му се слошило во судот, по што набрзо починал.

Откако во 2011 година, со Арапската пролет, беше ставен крај на 30-годишното владеење на Хосни Мубарак, Мохамед Морси беше демократски избран за претседател на Египет во 2012 година. Но, само една година подоцна, тој беше соборен од претседателската власт по масовни протести и воен удар во јули 2013 година.

Кривичниот суд во Каиро го одложи судењето на Морси и 23 други лица во случај на ,,соработка со Хамас” за утре, бидејќи му се слочи. Но,тој почина само после неколку минути.

Во ноември 2016 година, Касациониот суд ја укина доживотната затворска казна за Морси и 21 други обвинети, вклучувајќи и некои кои ја добиле смртната казна, во истиот случај и нареди повторно судење.