Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто како и македонскиот претседател Стево Пендаровски, и премиерот Зоран Заев покажа приземност и скромност, барем кога станува збор за меѓународните службени патувања, па од Австрија за Македонија леташе со економска класа.
Фотографиите кои патниците ги направија со премиерот Зоран Заев во економската класа од авионскиот лет на релација Виена-Скопје станаа вирален хит на социјалните мрежи.
Тој вчера во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.
И Пендаровски и Заев со овие потези оддаваат впечаток на приземност и рационалност кога станува збор за трошоците за службените патувања, во споредба со луксузните патни аранжмани кои ги користат други политички државни службеници. Сепак, ова е само еден мал дел од целокупната македонска политичка слика која треба на големо да се менува. Да се надеваме дека и вториот и третиот ешалон политичари „ќе ги префати“ оваа пракса.