AC/DC ќе грмат на свадбата од Рамос – фудбалерот дебело ќе го искешира тоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денешната свадба на шпанскиот репрезентативец и стопер, Серхио Рамос, која тој ќе ја прави во Севиља, шпанските медиуми и пошироката јавност ја нарекоа ,,свадба на деценијата”.

Капитенот на фудбалскиот клуб Реал денес ќе се венча со Пилар Рубио, а настанот се очекува со огромно внимание.

На свадбата е најавено да дојдат голем број славни личности од светот на фудбалот и од јавниот живот. Ќе дојде Зинедин Зидан, Жерар Пике со Шакира, како и Дејвид и Викторија Бекам. Гостите ќе го забавува рок бендот AC/DC, кој ќе добе милион евра хонорар за настапот.

Затоа, пак, закупот на објектот каде што ќе се врши церемонијата на венчавката е скромен. Во познатата катедрала во Севиља, трет најголем сакрален објект на светот , рамос ќе плати само 175 евра.

Рамос ќе плати во црквата само за да завршат утре порано туристичките тури за никој да не им пречи на младите и на славните гости.