Де Лихт веќе бара куќа во новиот град?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Матијас Де Лихт е еден од најбараните играчи во овој преоден рок, беше блиску до Барселона, но работите се променија, пишува Спортски.мк.

Младиот капитен на Ајакс е голема желба на шпанскиот шампион, меѓутоа Барселона не сака да се бори со конкуренцијата за Де Лихт. Претходно голем број спортски медиуми меѓу кои беше и „Спорт“ тврдеа дека Де Лихт сигурно ќе ја продолжи кариерата во Барселона. Откако неговиот пријател и соиграч од Ајакс Френки Де Јонг го договори трансферот во Барселона, клубот преговараше со неговиот менаџер Мино Раиола и ги договорија платата и условите.

Барселона на Де Лихт му понудила шест милиони евра годишно, на што Раиола и играчот се согласиле. Но, неколку месеци подоцна ситуацијата е поинаква. Одличните игри на холандскиот репрезентативец беа причина за него да се интересираат и останатите клубови и тие нудат повеќе од Барселона.

Се споменуваше Јувентус, а сега во прв план се издвои Пари Сен Жермен. Наводно клубот од Париз му нуди плата од 12 милиони евра годишна што е двојно повеќе од она што се спремни да му понудат во Каталонија.

Џанлука Ди Марцио пред неколку дена тврдеше дека младиот стопер сигурно ќе се пресели во ПСЖ.

Сега медиумите дојдоа до интересен податок кој доколку е точен може и да биде потврда дека Де Лихт е многу блиску до преселба во Париз.

Како што се пишува, девојката на Де Лихт веќе барала куќа во Париз и посетила две скапоцени вили.