Срамен скандал: Алиоски избркан од ресторан во Прилеп!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Езџан Алиоски е еден од најдобрите македонски фудбалери, ѕвезда на славниот англиски клуб Лидс, но е непожелен во својот роден град Прилеп.

Имено, денес Алиоски заедно со своето семејство доживеа исклучително непријатна сцена во Прилеп, град во кој е роден во 1992 година.

По завршувањето на репрезентативните обврски Алиоски со своето семејство дојде во својот роден град, но беше избркан од ресторанот „Ла Страда“ и тоа поради тоа што тој и неговите најблиски зборувале на својот мајчин, албански јазик.

„Навистина сум фрапиран од тоа што се случи во Прилеп. Видете јас играм за репрезентацијата на Македонија, доаѓам од Англија со цел да играм со радост за оваа селекција а еве што доживувам тука. Имено кога со своите најблиски говорев на својот мајчин јазик, инаку не кријам дека сум Албанец, дојде еден човек и ми рече да го напуштам ресторанот само поради тоа што слушна на кој јазик јас комуницирам со своето семејство. Навистина немам зборови, на никого ова не го посакувам“, изјави Алиоски.

„Потоа видоа дека сум јас, сфатија дека всушност сум фудбалски репрезентативец и одеднаш се создаде и место во ресторанот. Се извинуваа, но беше доцна за извинување. Не сакавме тука да останиме затоа што бев со пријатели и со моите родители и сите се чувствувавме непријатно и посрамено“, додаде Алиоски.