Рано посабајле: Зоран Заев денес на средба со Ангела Меркел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот премиер Зоран Заев за во 9:30 денес утрово има закажано средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролот на федералната влада, Штефен Зојберт, потврди дека Меркел тогаш ќе го пречека Заев во Сојузната канцеларија. Предмет на дискусијата ќе бидат билатералните односи и прашањата на надворешната политика, се вели во соопштението.

Шефот на македонската Влада уште еднаш ќе побара поддршка од германската канцеларка во пресрет на јунскиот самит и очекувањето дали земјава ќе добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Последната порака на Заев пред медиумите беше дека Македонија го испорачала она што ЕУ го побарала и дека сега е на потег унијата од која „во голема мера ќе зависи и развојот на настаните на домашната политичка сцена“ .

Германските медиуми претходно објавија дека Меркел и не е така одлучна за давање датум во јуни за Македонија да ги почне преговорите со унијата, додека германски пратеници интернационалисти ја искритикуваа како резервирана да даде зеено светло за евроинтеграциите на нашата земја. За Заев пак овие информации и ставови на Меркел се стари и рече дека успесите кои земјава ги направила Меркел ги чувствувала како свои успеси.