Мало, ама многу луто: Го викаат „уништувачот на џинови“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Франсоа „Фаф“ де Клерк е јужноафрикански рагби играч роден на 19 октомври, 1991 година. Игра за Sale Sharks во Англискиот Премиершип и за националниот рагби тим на Јужна Африка.

Типчево е познато по своите брутално агресивни одбранбени потези, но и по жестоките напаѓачки потфати кои ги прави кога е залетан во напад. Затоа и го викаат „уништувачот на џинови“.

На противниците не им е лесно кога ќе мораат да се соочат со овој мал, ама лут рагбист кој буквално ги покосува на земја не бирајќи начин, средства и зафати за тоа. Неретко, поради неговата ниска стројба, им се фрла директно во нозете додека се во трк и на тој начин ги спречува да поентираат.

Погледнете ја компилацијата со неговите најбрутални и најбесни одбрани и потези.